Европската унија се подготвува да усвои нови санкции против Иран, обвинет за продажба на балистички ракети на Русија, изјавија извори за Блумберг. И Москва и Техеран постојано го негираа ова.
Според неименуваните извори, ќе бидат погодени неколку десетици поединци во Иран и организации, вклучително инженерски, металуршки и воздухопловни компании. ЕУ има намера да го одобри пакетот санкции на крајот на октомври кога лидерите на ЕУ ќе се сретнат во Брисел.
САД, исто така, наскоро ќе објават санкции против Иран поради ракетниот напад врз Израел. Вашингтон ги повикува сојузниците да го сторат истото.