Бруто домашниот производ на Европската унија во 2021 година претставуваше 15,2 отсто од светскиот бруто домашен производ, објави Меѓународната програма за споредба.
Најголема светска економија е Кина со 18,9 отсто од светскиот БДП, потоа САД со 15,5 и Европската унија со 15,2 отсто, објави Евростат.
Меѓу 20-те земји кои учествуваат во светскиот БДП со повеќе од еден процент се пет членки на ЕУ: Германија со 3,4, Франција со 2,4, Италија со 1,9, Шпанија со 1,4 и Полска со еден процент.
Кога се гледа БДП по глава на жител, само шест земји се над просекот на Европската унија: САД, Германија, Австралија, Канада, Франција и Велика Британија.