Пратениците во Европскиот парламент (ЕП) во средата со мнозинство гласови ја поддржаа забраната за продажба нови возила на бензин и дизел горива од 2035 година, чија цел е забрзување на преминувањето на земјите во Европската унија на електрични возила.

Гласањето беше во рамките на клучните планови на ЕУ до 2030 година да ја намали вкупната емисија на штетни гасови за 55 отсто, во споредба со нивоата од 1990 година, што е цел кој бара побрзо намалување на емисиите во индустријата, енергетиката и транспортот.

Европратеници го поддржаа минатогодишниот предлог на Европската комисија за 100-процентно намалување на емисиите на јаглерод диоксид кај новите автомобили до 2035 година, и од таа година би била оневозможена продажбата на возила на фосилни горива во ЕУ. Беа одбиени предлозите на некои европратеници целта емисиите да бидат намалени на 90 отсто до 2035 година.

Законот сѐ уште не е конечен. Гласањето во средата е само почетокот и само ја потврдува позицијата на ЕП за претстојните преговори со државите членки на ЕИ околу конечната верзија на законот.

Намерата е да се забрза преминувањето на ЕУ на електрични возила и да ги охрабри произведувачите на автомобили повеќе да вложуваат електрификацијата, што дополнително е поттикнато со друг закон кој од државите членки ќе бара да постават милиони станици за полнење на електричните возила.

Да се купува и да се возат автомобили со нулта емисија ќе стана поевтини за потрошувачите, изјави Јан Хуитеме, главниот преговарач задолжен за споменатата политика на ЕУ.

Автомобилските произведувачи, како „Ford“ и „Volvo“ јавно го поддржаа планот на ЕУ со кој би се запрела продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување до 2035 година, а други, пак, како „Volkswagen“, настојуваат да престанат да продаваат такви возила од тој датум.

Меѓутоа, електронската пошта во којашто увид имала агенцијата Reuters. Покажува дека интересни групации од автомобилската индустрија, вклучително на влијателното Германско здружение на автомобилската индустрија (VDA), лобирале за отфрлање на целите до 2035 година. Тие групации порачале дека таквиот план ги казнува алтернативните горива со ниски нивоа на емисии на јаглерод и дека е прерано за такво обврзување поради неизвесното воведување на инфраструктурата за полнење електрични возила.

Нашите ставови се транспарентни. Нашата мисија е да се развијат најдобрите решение со сите вклучени, изјави портпаролот на VDA.

Електричните автомобили и „плаг-ин“ хибридните возила сочинувале 18 отсто од новите приватни автомобили продадени во ЕУ минатата 2021 година., но севкупната продажба на автомобили е намалена поради недостиг од полупроводници, покажуваат податоците од Европското здружение на произведувачи на автомобили.

Четвртина од емисиите на гасовите коишто го предизвикуваат ефектот на стаклената градина кои се „обвинети“ за загревањето на планетата, во Европа потекнува од транспортот, а нивото на ткн стакленични гасови во тој сектор последните години пораснало, што ги отежнува напорите да се избегната опасните нивоа на климатските промени.