ЕУ се подготвува да ги воведе тарифи за стока од Соединетите Американски Држави во вредност од 20 милијарди евра, објави Ројтерс. Овој потег доаѓа откако Светската трговска организација пресуди дека САД не успеале да се усогласат со наредбата да престанат да им даваат даночни олеснувања на американскиот производител на авиони – Боинг. Оваа објава ја следи сличната закана од претседателот Трамп минатата недела да наметне тарифи за стока од ЕУ во вредност од 11 милијарди долари – одмазда за “нефер” субвенции дадени на авиокомпанијата Ербас. Спорот на Боинг-Ербас во СТО датира од 2004 година.