Во вториот лански квртал ЕУ имаше суфицит во трговската размена од 74,2 милијарди евра, а во периодот јули-септември 2022 година оствари дефицит од 69,9 милијарди евра.
Во третото тримесечје од 2023 година суфицитот кај трговската размена на стоки е зголемен за 22,9 милијарди евра, на размена на услуги е намален за 10,4 милијарди евра. Суфицитот на примарниот доход е намален за 1,2 милијарди евра, додека кај секундарниот доход се бележи благо зголемување на дефицитот за 0,1 милијарди евра.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, најголем суфицит во тргвската размена ЕУ има со Велика Британија од 69,2 милијарди евра, пред САД од 33,6 милијарди, Швајцарија од 16,1 милијарди евра), Канада од 11,2 милијарди, Бразил од 7,1 милијарди, Хонг Конг од 6,9 милијарди евра), Русија од 3,4 милијарди евра и Јапонија од 600 милиони евра. Суфицит од 6,3 милијарди евра е забележан и со офшор финансиските центри.
Од друга страна, најголем дефицит во трговската размена, ЕУ остварила со Кина од 35,6 милиради евра, по што следи Индија со 600 милиони евра.