Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и заменик амбасадорот Џулијан Васало денеска ќе го посетат Југозападниот плански регион.
– Прва станица ќе биде општина Кичево, со посета на градоначалникот Фатмир Дехари и министерот за здравство Венко Филипче на Општата болница, каде што е обезбеден скенер за компјутерска томографија (
Како што посочуваат, посетата „ЕУ со ТЕБЕ“ на Југозападниот плански регион вклучува први средби на амбасадорот Гир со новоизбраните градоначалници на Кичево и Охрид, Фатмир Дехари и Кирил Пецаков, како и посети на проекти финансирани од ЕУ во двете општини.
– ЕУ и испорача медицинска опрема во вредност од 3,7 милиони евра на Северна Македонија за справување со здравствените закани, додека скенерот за компјутерска томографија (КТ) во Кичево и апаратот за магнетна резонанца (МРИ) во Охрид ќе бидат во корист на целиот Југозападен плански регион. Амбасадорот Гир, министерот Филипче и амбасадорот Коп ќе дадат изјави за медиумите во врска со ова медицинска опрема финансирана од ЕУ, посочуваат од европската делегација во нашата земја.
Гир и Васало дополнително ќе бидат запознаени со идниот центар за паметни иновации за кој штотуку беше доделен грант од 0,6 милиони евра на општина Охрид во рамките на програмата „ЕУзаопштините“. Идниот центар ќе биде лоциран во една од шесте згради со индустриска архитектура на периферијата на Охрид (поранешна армиска касарна) – област што се регенерира за да ја поттикне локалната економија преку привлекување н