Седум големи банки ќе бидат казнети од страна на антимонополските регулатори на ЕУ за местење на девизниот пазар, објави Ројтерс, наведувајќи ги информациите од луѓето кои се запознати со ова прашање. Barclays, Citigroup, HSBC, JPMorgan, Royal Bank of Scotland, UBS и еддна помала јапонска банка ќе добијат 10% намалување на нивната парична казна за соработка. Банките се изјаснија за виновни во САД, каде што регулаторите велат дека утврдувањето на стапките за разменски курсеви се правело преку чат-канали со имиња како “Мафија” и “Клубот на бандитите”. Тие беа казнети со повеќе од 2,8 милијарди долари заедно.
Н.Д.