Инфлацијата влијаела на различни европски земји на различни начини, некои посилни, а некои послаби, покажуваат истражувањата
Од пандемијата на корона вирусот, преку војната во Украина, а потоа и новите конфликти ширум светот, во последните години имаше многу настани кои негативно се одразија на движењата на глобалниот пазар, а низ светот на цените на различни производи, храната и скокот на енергенсите, пишува Еурактив.
Инфлацијата влијаела на различни европски земји на различни начини, некои посилни, а некои послаби, покажуваат истражувањата. Зголемување на сиромаштијата е забележано во Франција, соопштија од добротворната организација „Католик“. Просечниот приход на луѓето згрижени од организацијата бил 538 евра месечно во 2022 година, што претставува дневен буџет од 18 евра за покривање на сите потреби на домаќинствата, наведува организацијата во својот извештај.
– Најсиромашните луѓе се погодени од инфлацијата, јамката се стега, а лишувањето е поголемо за работи кои не се нужно видливи, како што се греењето или храната, изјави за Франс прес, Аделаид Бертранд, генерален делегат на организацијата „Секурс Католик“.
Според Бертранд, тие минатата година се грижеле за вкупно еден милион луѓе во Франција, кои имале потреба од различни услуги како што се помош во храна и социјална поддршка.
Падот на животниот стандард се почувствува и во Германија, а добар дел од населението заработува под стандардот, не може да си дозволи ниту облека, основни прехранбени производи, греење…, покажаа резултатите од студијата на Институтот за економски и социјални науки (ВСИ) на фондацијата Ханс за 2021 година.
Во Германија, лице чијшто приход на домаќинството е помал од 60 отсто од таканаречениот просечен приход во земјата се смета за сиромашно. За едночлено домаќинство, сиромаштијата значи приход до 1.200 евра месечно. Во 2021 година, новата облека била недостижна за 17 отсто од луѓето кои живеат под прагот на сиромаштија долго време, односно пет или повеќе години. Меѓу оние кои беа класифицирани како сиромашни таа година, нешто повеќе од осум отсто не можеа да си дозволат пари за нова облека. Според студијата, повеќе од четири отсто, пак, не можеле да платат за соодветно греење.
Сиромаштијата, мерена според приходите, благо опадна минатата година. Така, во 2022 година, 16,7 отсто од луѓето во Германија живееле во сиромаштија, додека претходната година тој процент бил 16,9. Сепак, уделот на сиромашните се зголемува од 2010 година. Таа година сиромашни биле 14,5 отсто, а во 2019 година, последната година пред пандемијата, 15,9 отсто. Натпросечно, според студијата, сиромашните се невработени, луѓе кои работат само повремено, самохрани родители, жени – и самохрани или оние со мигрантско потекло, како и оние кои имаат само основно образование. Според податоците на Федералното здружение за бездомници, бројот на бездомници во Германија значително се зголемил од 2021 до 2022 година. Според нив, причина за тоа, меѓу другото, е и зголемувањето на бројот на бегалци – особено од Украина – кои немаат каде да живеат. Според тоа здружение, бројот на бездомници во 2021 година бил 383.000, а во текот на 2022 година, 607.000 луѓе биле привремено бездомници во Германија. Станува збор за зголемување од 58 отсто, пишува Дојче веле. Најголем дел од бездомниците престојуваа во институционално привремено сместување или, на пример, кај роднини или пријатели. Околу 50.000 луѓе во 2022 година живееле на улица.
Хју Пил, главен економист на Банката на Англија, во април ги предупреди британските граѓани дека треба да прифатат да бидат посиромашни и да престанат да се залагаат за повисоки плати. Тој додаде дека напорите да се неутрализираат зголемувањата на цените со повисоки плати само ќе поттикне повисока инфлација.