Одговорен возач е посветен на својата безбедност како и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Преку грижа за своето возило и одговорно однесување при управување со возилото се минимизираат ризиците за настанување несакан настан.

 

Еуролинк Осигурување со своите квалитетни покритија од најчестите ризици и професионалната услуга во делот на обештетување обезбедува грижа за вашето возило и за вашата одговорност во управување со возилото во границите Република Македонија и надвор од нив.

 

Друштвото ги нуди следниве видови осигурувања на моторни возила:

  • Осигурување автомобилска одговорност (повеќе…)
  • Каско осигурувањe моторни возила (повеќе…)

Со полисата од автомобилска одговорност можете да ги склучите следниве дополнителни осигурувања:

  • Дополнително каско осигурување – стакла од кршење (повеќе…)
  • Осигурување од автомобилска одговорност за штети предизвикани на трети лица во странство – Зелена карта (повеќе…)
  • Дополнителното осигурување – возач, патници и работници од последици на несреќен случај (незгода) за време на управување и возење со моторните и други возила (повеќе…)