Еуростандард банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe на следната работна позиција:

СОРАБОТНИК ЗА ПРОЦЕНА – ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНИТЕЛ
(1 извршител)

КРАТОК ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • извршува работи и работни задачи во врска со вршење на процена на недвижен имот и/или машини и опрема
  • континуирано ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на данокот на имот, процена и други акти кои се однесуваат на односната проблематика.
  • врши работи на процена на пазарната вредност на недвижен имот и/или машини и опрема
  • изготвува анализи, извештаи и информации за работите од својата надлежност
  • врши стручна обработка на прашањата што се од значење за примената на законските одредби.
  • одговара на судски вештачења
  • врши работи на следење и ажурирање на осигурувањата на имот (недвижен имот машини и/или опрема) и обновувања на полисите за осигурувања за потребите на секторите во Банката.
  • изготвува анализи, информации и други материјали
  • врши други работи по налог на Раководителот на Дирекцијата
  • одговара на Раководителот на Дирекцијата

УСЛОВИ ШТО СЕ БАРААТ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ:

  • Високо стручно образование
  • Најмногу 5 години работно искуство, од кои 3 како проценител
  • Лиценца во областа за процена на недвижен имот и/или машини и опрема

ПОТРЕБНИ СПОСОБНОСТИ:

  • Добри комуникациски способности и способност за тимска работа;
  • Способност за работа во кратки рокови и под притисок;
  • Иницијативност;
  • Професионалност, одговорност и трпеливост.

Работниот однос е на определено време, за период од 12 месеци со можност за продолжување.

Работно време од 8:00-08:30 до 16:00-16:30 часот од понеделник до петок.

Вашата биографија доставете ја на следнава електронска адреса: [email protected]