Eurostat објави дека речиси 37 % или 209.000 домаќинства имаат проблем редовно да платат за електрична енергија, парно греење и вода. Претходните години тој број надминувал и над 40 отсто.

Во ЕУ, речиси 7 % од семејствата се соочуваат со овој проблем. Во Грција 36 % го имаат овој проблем, а во Бугарија 30 % од домаќинствата.

Во развиените земји, пак, овој процент е многу низок. Во Швајцарија само 4,1 отсто семејства имаат тешкотии да си ги платат сметките, во Малта 6,9 %, Австрија 2,4, Холандија 1,5 %. Во Полска 6,3, а во Португалија 4,5 % домаќинства не можат да си ги покријат сметките. Во Норвешка само 2,7 % имаат ваков проблем.