Стапката на невработеност во Европската унија е на најниско ниво од јануари 2000 година.
Според најновите податоци на Eurostat, стапката на невработеност во ЕУ во ноември минатата година изнесувала 6,3 проценти, без поголеми промени во однос на октомври, што е најниска од јануари 2000 година.
Стапката на невработеност во еврозоната, составена од 19 земји членки, во истиот период изнесувала 7,5 проценти, што е најниска од јули 2008 година.
Според податоците на Eurostat, најмалку невработени има во Чешка, каде стапката на невработеност во ноември изнесувала 2,2 проценти.
По Чешка, следи Германија со стапка од 3,1 процент, Полска 3,2 проценти, како и Унгарија, Малта и Холандија со 3,5 проценти невработени.
Највисока стапка на невработеност во ЕУ е забележана во Грција, која има 16,8 проценти невработени. На врвот според бројот на невработени е и Шпанија со стапка на невработеност од 14,1 проценти, Италија 9,7 проценти, Франција 8,4 проценти и Кипар со 7,7 проценти.