Хрватска во јули забележа најголем пад на прометот од трговијата на мало на месечно ниво меѓу земјите на Европската Унија.
Помала склоност кон потрошувачка покажаа и потрошувачите на ниво на Унијата, покажа во средата анализата на Европскиот завод за статистика.
Во јуни прометот на трговијата на мало во Хрватска, на месечно ниво падна за 3,3 проценти во однос на јуни кога скокна за 6,8 проценти, покажа извештајот на Eurostat.
Во групата земји со најголем пад на потрошувачката во јули, Eurostat врз основа на достапните податоци ги издвои и Германија и Белгија, каде продажбата на мало се намали за 2,2 и 1,4 проценти.
Најголем раст на прометот забележа Ирска за 1,9 проценти, а потоа следи Словенија со 1,2 процент, па Бугарија и Малта, со по еден процент поголем промет на мало.
На ниво на ЕУ прометот на мало во јули падна за 0,5 проценти во однос на јуни кога според ревидираната проценка на Eurostat се зголеми за 1,3 проценти.
Во еврозоната прометот падна за 0,6 проценти, по ревидираниот раст од 1,2 проценти во јуни.
Европејците во јули значително помалку посетувале продавници за облека, текстил и обувки, што се одрази на падот на продажба на мало на тој вид производи за 2,5 проценти во ЕУ, за 3,2 проценти во еврозоната.
Во ЕУ малку порасна само поштенскиот и онлајн сообраќајот за 0,3 проценти, покажува извештајот на Eurostat.
Прометот во малопродажба на моторни горива стагнираше и во ЕУ и во еврозоната.