Поскапуваат горивата. Од вечерва на полноќ,  еуросупер 95, поскапува за еден денар, и ќе се продава за 50,5 денари, а еуросупер-98 поскапува за половина денар, и ќе чини 52, 5 денари.

За половина денар поскапува екстра лесното масло за домаќинство, и ќе чини 31 денар.

Дизелот поевтинува за половина денар, и ќе се продава за  42 денари за литар. Поевтинува и мазутот и ќе се продава за 16 денари за килограм.