Почитувани читатели на ЦеноМетар.мк,

Оваа слика ни ја испрати наш сограѓанин од Франција, каде ни тврди дека истото се однесува и на Германија и многу други земји од Западот а се однесува на проблемот, како се справуваат таму со храната на која и истекува рокот за неколку (3-4) денови.

Имено, таму постои закон, со кој трговците се ОБВРЗАНИ да ја продадат оваа храна по симболична цена ( во случајов се е по едно евро ) и истото прописно да го означат.

Од сликата можеме да видиме дека за 1 евро нашиот сограѓанин купил:

  • Лосос половина килограм !
  • Батаци – килограм и половина !
  • Готово суши – спакувано !
  • Половина килограм свинска кртина !

И сето тоа, замислете на нивни плати кои се отприлика околу 2000 евра просечно.

На овој начин, преку законска уредба, трговецот не смее да враќа и да фрла храна пред истек на рокот ( а особено не да ја прелепува – со нов рок лепенка, иако е пракса дури и тоа кај нас ), а производителот не смее да прима назат вакава храна, па затоа, обврзан е трговец ова соодветно да го означи и продаде по симболична цена!

Доколку се сложувате со оваа пракса од Европската Унија, споделете го овој пост за да побараме вакви измени во Законот и кај трговците и во нашата земја!