Во новите сметки ќе забележите и НОВА СТАВКА за доплата од ЕВН дистрибуција за мрежарина ( пренос и дистрибуција ) која може да биде скоро ДУПЛО повисока од потрошената електрична енергија …
– Владата сеуште ништо не презема со ОДЗЕМАЊЕ на лиценцата и имотот на ЕВН !!!…
– Како што најавивме уште пред еден месец, дека цената на електричната енергија ќе се дуплира во Август, сега ја известуваме Владата дека во септември цената на електричната енергија ќе се ТРОДУПЛИРА и дека е штетен новиот тарифник – ДЕНЕС ТОА СЕ ДОКАЖА !!! ….
Вие слушајте ги сите Ваши советници во Влада, но знајте дека само експертите во Стопанската Комора за Енергетика Ви ја кажува вистината !!!.
СТОП за МОНОПОЛОТ на ЕВН !!!
Денес се покажа дека само жителите на Арачиново излегоа ХРАБРИ да се справат со ЕВН !!!
Време е за ПРОТЕСТ !!! ……
Со почит
Манасков Ѓорѓи
Претседател на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија
25.08.2022