Членките на Евроазиската економска унија потпишаа договор за слободна трговија со Иран, соопшти руското Министерство за економија, пренесе БТА.
Договорот ќе го замени сличниот договор кој беше привремен и беше во сила од 2019 година. Новиот договор ќе биде постојан.
Претходниот договор ја олесни меѓусебната трговија со Иран и ја зголеми на 6,2 милијарди долари во 2022 година, од 2,4 милијарди долари во 2019 година. Новиот договор ќе ги елиминира царините за речиси 90 отсто од стоките и ќе воспостави преференцијален третман за речиси целата трговија меѓу Русија и Иран.
Според рускиот министер за економија, договорот ќе им овозможи на руските бизниси да заштедат околу 27 милијарди рубљи годишно.
Евроазиската економска унија ги вклучува Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Русија.