Европа ќе се соочи со економски пад поради конфликтот во Украина, изјави во неделата финскиот претседател Саули Ниинисто. Во интервју за финскиот дневен весник „Maseudun Tulevaisus“, тој рече дека луѓето во Финска и другите земји од ЕУ ќе мора да се помират со фактот дека економијата нема да расте од година во година, пренесе ТАС С.

Според Нинисто, тоа може да има негативно влијание врз единството на Европа, бидејќи развојот нагло запира и се зголемува бројот на предизвици.

Претседателот на Финска нагласи дека денеска е важно да се земат предвид ризиците од ескалација на украинскиот конфликт.

Односот меѓу Русија и Западот, особено Русија и Финска, ќе зависи од развојот на ситуацијата во Украина, рече Нинисто.