Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа мора да биде подготвена да одговори на едностраното воведување на тарифи од страна на САД на увозот на челик и алуминиум.
Во Берлин на конференцијата за новинари таа изјави дека Германија ќе одговори со реципроцитет доколку едностраната постапка не може да се избегне, но нагласи дека, пред се, се надева на разговори за ова прашање.
“Доколку оваа еднострана постапка не може да се избегне, тогаш мораме да размислиме за тоа како можеме реципрочно да одговориме, но јас пред се сум за разговори, за кои ќе постојат доста прилики“, заклучи Меркел.
Трамп минатиот четврток воведе тарифи од 25 проценти на увозот на челик и 10 проценти за увозот на алуминиум.