Русија прекинала да ги снабдува Полска и Бугарија со гас минатата недела.Комесарката на ЕУ за енергетика Кадри Симсон вели дека блокот може да замени две третини од рускиот природен гас до крајот на годината.
Како што навела, третина би се добивала од алтернативни снабдувачи, но другата третина “мора да биде заменета од обновливи извори на енергија”.Потсетуваме, Германија најавила дека напредува во настојувањето да ја намали зависноста од руско фосилно гориво и очекува дека во целост ќе се прекине увозот на сирова нафта до крајот на летото, рекол министерот за економија Роберт Хабек.
Министрите за енергетика на земјите во ЕУ денеска одржуваат состанок, бидејќи европскиот блок бара заеднички одговор на барањата на Москва земјите кои и вовеле санкции на Русија да плаќаат за гас во рубљи или да се соочат со прекин на доставата.
Русија прекинала да ги снабдува со гас Бугарија и Полска минатата недела, откако тие две земји одбиле да платат во рубљи.
“Reuters” Наведува дека Софија и Варшава веќе планирале да го прекинат користењето на рускиот гас оваа година и рекле дека можат да се носат со испораката, но, како што истакнува британската новинска агенција, се појавила загриженост дека другите земји на ЕУ, вклучувајќи ја и Германија, би можеле да бидат следни.