Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа оцени дека Европската унија „не се однесува добро“ кон САД во трговијата, со што се обиде да го оправда воведувањето царини за увоз на челик и алуминиум.
Тој рече на прес-конференција во Вашингтон дека работат така (ЕУ) што е речиси невозможно да се работи со нив, а всушност тие ни испраќаат свои автомобили и се останато во САД.
– ЕУ никогаш не се однесувала добро кон нас. И тоа е многу неправедна трговска ситуација, оцени американскиот претседател.
Американските власти неодамна соошштија дека може да воведат царини од 25 отсто за челик и десет отсто за увоз на алуминиум на што ЕУ одговори дека подготвува одговор со противмерки.