Ако продолжи сегашниот тренд, до 2035 година јазот меѓу економското производство по глава на жител во САД и ЕУ ќе биде исто толку голем како оној меѓу Јапонија и Еквадор денес, се вели во извештајот, пишува МИА.
„Да, на сите ни е полошо“, се жалат Европејците. Стареењето на населението кое го цени своето слободно време постави терен за економска стагнација. Потоа дојде „Ковид-19“ и војната на Русија во Украина.
Просечна држава во ЕУ е посиромашна по глава на жител од секоја американска држава освен Ајдахо и Мисисипи, според извештајот овој месец на „Европскиот центар за меѓународна политичка економија“, независен тинк-тенк со седиште во Брисел.
Европејците се соочуваат со нова економска реалност, каква што не ја доживеале со децении. Тие стануваат посиромашни. Животот на континентот на кој странците долго му завидуваат поради неговата уметност, брзо го губи својот сјај додека Европејците гледаат дека нивната куповна моќ се топи.
Французите јадат помалку деликатесна паштета и пијат помалку црвено вино. Шпанците штедат маслиново масло. Финците се повикуваат да користат сауни во ветровити денови кога енергијата е поевтина.
Низ Германија, потрошувачката на месо и млеко падна на најниско ниво во последните три децении, а некогаш растечкиот пазар на органска храна падна.
Италијанскиот министер за економски развој, Адолфо Урсо, свика кризен состанок во мај поради цените на тестенините, омилениот главен производ во земјата, откако тие скокнаа за повеќе од двојно од националната стапка на инфлација.
Европската унија сега отпаѓа на околу 18% од целокупното трошење на глобалната потрошувачка, во споредба со 28% за Америка. Пред 15 години, ЕУ и САД претставуваа околу една четвртина од тој вкупен износ.
Прилагодени за инфлацијата и куповната моќ, платите се намалија за околу 3% од 2019 година во Германија, за 3,5% во Италија и Шпанија и за 6% во Грција.
Болката допира далеку до средните класи. Во Брисел, еден од најбогатите европски градови, наставниците и медицинските сестри чекаа на ред по амирници за половина цена во локалните продавници.
Германците консумирале 52 килограми месо по лице во 2022 година, околу 8% помалку од претходната година и најниско ниво од почетокот на пресметките во 1989 година. Според Федералниот информативен центар за земјоделство, Германците исто така го заменуваат месото како говедско и телешко за поевтино, како што е живината.
Економијата на Европа е зголемена за 6% во изминатите 15 години, споредено со 82% во САД, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд. Тоа ја направи просечната земја на ЕУ посиромашна по глава на жител од секоја американска држава, освен Ајдахо и Мисисипи, според извештајот овој месец на Европскиот центар за меѓународна политичка економија, со седиште во Брисел.
Хју Пил, главен економист на Банката на Англија, ги предупреди граѓаните на Велика Британија во април дека треба да прифатат дека се посиромашни и да престанат да се залагаат за повисоки плати. „Да, на сите ни е полошо“, рече тој, велејќи дека обидот да се компензира растот на цените со повисоки плати само ќе поттикне поголема инфлација.
Со оглед на тоа што европските влади треба да ги зголемат трошоците за одбрана и со оглед на зголемените трошоци за задолжување, економистите очекуваат даноците да се зголемат, што ќе додаде притисок врз потрошувачите. Даноците во Европа се веќе високи во однос на оние во другите богати земји, што е еквивалентно на околу 40-45% од БДП во споредба со 27% во САД.