Кечап, чанти и конзоли за видео игри се меѓу американските производи кои се соочуваат со тарифите на ЕУ.
ЕУ им се заканија на САД со царини врз 20 милијарди долари стоки, по долготрајната расправија во врска со субвенциите на “Боинг” и “Ербас”, објавувајќи листа на 11 страници со производи меѓу кои и : тутун, трактори и замрзнати риби. Соопштението следува по неодамнешната изјава на САД дека може да наметне тарифи на околу 8,4 милијарди фунти за стока од ЕУ како одговор на субвенциите на Ербас. ЕУ соопшти дека останува отворена за разговори со САД.