Клучната разлика меѓу Европа и САД е послабиот раст на продуктивноста на Стариот континент, изјави денеска Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), за време на завршната дискусија на Светскиот економски форум во Давос за глобалните економски изгледи.
Таа најпрво изјави дека ММФ очекува многу силни перформанси од САД, бидејќи ги подобриле проекциите за американскиот економски раст од 2,2 на 2,7 отсто оваа година, додека перформансите на европската економија „не се многу големи“.
„Најважната порака што ја имам за публиката е да го поставам прашањето зошто? Зошто растот во САД е толку силен? Зошто растот во Европа е малку разочарувачки? Зошто пазарите во развој не се фантастично? А одговорот лежи првенствено во разликите во растот на продуктивноста“, истакна Георгиева.