Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлација од 2,8 отсто во следните 12 месеци, покажува истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за мај. Резултатот покажува дека очекувањата за потрошувачката инфлација се пониски во однос на април, кога беа 2,9 отсто, а во исто време и најниски од септември 2021 година.

Граѓаните на еврозоната очекуваат инфлацијата да биде 2,3 отсто во следните три години, што исто така претставува благ пад во однос на 2,4 отсто во април, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ. Биткоинот падна за 4,14 отсто на 55.929 евра, итриумот за 4,22 отсто на… Потрошувачите веруваат дека нивниот номинален приход ќе порасне за 1,2 отсто во следните 12 месеци, односно со многу побавно темпо од стапката на инфлација. Анкетираните граѓани од еврозоната очекуваат благ економски пад од 0,8 отсто во следната година, како и невработеност од 10,7 отсто.

Истражувањето беше спроведено онлајн, на примерок од околу 19.000 возрасни потрошувачи од 11 земји во еврозоната.  Истражувањето е спроведено во Белгија, Германија, Шпанија, Франција, Италија, Холандија, Ирска, Грција, Австрија, Португалија и Финска, пренесува РТ Балкан.