Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека планира сегашната рекордно ниска основна каматна стапка да не ја менува до крајот на годината, во услови на неизвесни перспективи на економијата во Еврозоната.
Oсновната каматна стапка на ЕЦБ повеќе од три години е на ниво од нула проценти.
Првично беше предвидено ЕЦБ да започне со зголемување на својата основна каматна стапка кон средината на годинава, но под притисок на забавениот раст во Еврозоната и помалата инфлација, таа се откажа од таквите планови.
Стапката на инфлација во Еврозоната на годишно ниво во март изнесуваше 1,4 отсто, што претставуваше намалување во однос на февруарските 1,5 проценти. Аналитичарите предвидуваат стапката на инфлација да биде на ова ниво и во следните месеци, поради очекувањата цените да останат стабилни.