Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја намали референтната каматна стапка на 3,75 отсто, првпат од 2019 година, и покрај мајскиот пораст на инфлацијата на неочекувани 2,6 отсто.
Во соопштението објавено на веб-страницата на ЕЦБ, се проценува дека инфлацијата ќе остане превисока до следната година.
Инфлацијата во 20-те земји кои го користат еврото во април изнесувала 2,4 отсто, објави пред шест дена Евростат, официјалната агенција за статистика на Европската унија. Според истражувањето на пазарот, инфлацијата во мај се очекуваше да биде 2,5 отсто.
Пред намалувањето на каматните стапки тоа беше рекордни 4,0 отсто, а со овој потег ЕЦБ им се придружи на централните банки на Канада, Шведска и Швајцарија во намалувањето на каматните стапки по серијата зголемувања, најголеми во поновата историја.