Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) денеска одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на главните операции за рефинансирање на 4,5 отсто, каматната стапка на депозитите на четири отсто и маргиналната каматна стапка на 4,75 отсто.
Инфлацијата продолжува да паѓа, а претходните зголемувања на каматните стапки и натаму влијаат на заострувањето на условите за финансирање, ја намалуваат побарувачката и со тоа влијаат на падот на инфлацијата, се вели во соопштението на ЕЦБ.
Управниот совет е посветен на целта за навремено враќање на инфлацијата на среднорочната цел од два отсто и смета дека сегашното ниво на каматни стапки, доколку се одржува доволно долго, значително ќе придонесе за овие напори.
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард на денешната прес-конференција дополнително ќе ја образложи одлуката за каматните стапки.