Недоволни се инвестициите како во патната, така и во железничката инфраструктура. Од Европската инвестициска банка која финансира бројни проекти од областа на инфраструктурата велат дека проектите треба да се изработуваат навреме.
Тие велат недоволни се инвестициите како во патната, така и во железничката инфраструктура. Од Европската инвестициска банка која финансира бројни проекти од областа на инфраструктурата велат дека проектите треба да се изработуваат навреме. Ги загрижува слабата реализација на капиталните инвестиции од само 7отсто во првиот квартал од годинава, но велат дека ако се забрзаат активностите, се уште е можен економски раст од 3.2% до крајот на годинава.
За да има што повеќе инвестиции што ќе го поттикнуваат растот на економијата, за бизнисот неопходна е политичка стабилност, независноста на судството и функционалноста на институциите.Освен во финансирањето на инфраструктурните проекти, слаба е искористеноста и на парите за малите и средни претпријатија, за водоснабдителни станици, како и управување со отпадот.
Во сите овие сегменти новата влада не испорачува резултати во изминатата година во која тие ја управуваат државата. Голем дел од експертите алармираа за слабата реализација на капиталните проекти и дека ако нивната реализација оди со тепмо како во првиот квартал тогаш состојбата во економијата е загрижувачка. Тие стравуваат дека Македонина пак ќе има слаб раст на економијата и БДП што значи економска стагнација, помали плати, помал развој и паѓање на стандардот на живеење што директно се одразува врз граѓаните на негативен начин.