Европската комисија ја потврди одлуката за наметнување на дополнителни царини на одреден број американски производи за што претходно ја информираше Светската трговска организација, пред која постапката треба да заврши до крајот на месецов што би овозможило воведување на царини во јули.
Ова е европскиот одговор на американските царини на европскиот челик и алуминиум. САД на 23 март воведе царини од 25 отсто на увоз на челик и на 10 отсто на увоз на алуминиум. Од 1 јуни царините важат и за увоз од Европа.
ЕУ ќе воведе царини на американските производи до износ од 2,8 милијарди евра трговска размена. Царините на останатиот износ од 3,6 милијарди евра ќе се воведат покасно – во рок од три години или по решавањето на спорот пред Светската трговска организација.