Старт-апот Dott собра 30 милиони долари преку платформа за прибирање финансиски средства за да започне со производство и лансираше нова генерација на електрични велосипеди и електрични скутери за да ги замени автомобилите во урбаните средини.

Средствата беа обезбедени од инвеститорите на EQT и јужноафриканската компанија Насперс, објави агенцијата Ројтерс.

Dott, чии е-скутери се присутни во Брисел, Париз, Лион и Милан, објавија дека наскоро ќе го затвори кругот за финансирање “А” и ќе инвестираат во отворањето на два нови модели на е-скутери со заменливи батерии, што треба да го продолжи животот на скутерот, додека во следните неколку месеци ќе започне нова генерација е-велосипеди.

Европските компании Dott, Tier и VOI, како ривали на американските компании Bird и Lime, ги превзедоа европските патишта на илјадници електрични скутери, и минатата година успеаја да соберат значајни средства и да привлечат инвеститори од висок профил, како што се Alphabet сопствениците на Google и компанија Uber.