Во просек, европските банки се помалку профитабилни од американските.
Петте најголеми банки во САД веќе подготвија 55 милијарди долари за потенцијални загуби на кредити во текот на првата половина на оваа година. Пандемијата COVID-19 има негативно влијание и врз приходите на европските банки, првенствено на крајно ниските долгорочни каматни стапки.
Приходите може да паднат за 180 милијарди евра на 385 милијарди евра оваа година, дури и ако се избегне второ затворање.
Закрепнување не се очекува пред 2022 година, кога приходите од 535 милијарди сепак ќе бидат пониски за 30 милијарди евра, проценува „Оливер Вајман“
Се прогнозира дека нето приходот од каматата ќе падне за осум проценти следната година во однос на минатата и дека ова особено ќе се одрази на банките кои немаат инвестициско банкарство или управување со средства.
Иако најверојатно, пандемијата нема да има многу сериозни последици за банкарскиот сектор, голем број на банки ќе се најдат во незавидна позиција со многу ниски приноси.