Цените на акциите на европските берзи бележат благ пад и денес, трет ден по ред, бидејќи инвеститорите се загрижени за немилосрдното ширење на коронавирусот, поради што се повеќе европски земји воведуваат рестриктивни мерки.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,1 процент во 9,30 часот, откако вчера се лизна за 0,3 проценти.
Утрово, индексот Лондонски FTSE падна за 0,15 проценти, на 5.875 поени, додека Франкфуртски DAX се лизна за 0,35 проценти, на 12.809 поени, а парискиот CAC 0,05 проценти, на 4.926 поени.
Инвеститорите се загрижени за брзото ширење на коронавирусот, поради што многу европски земји забележаа рекордно зголемување на бројот на нови случаи во последните неколку дена, затоа повторно се воведуваат ограничувачки мерки насочени кон борба против вирусот.
Меѓу другото, воведени се строги мерки од Франција, Италија, Шпанија, Ирска и Велика Британија, кои ќе го забават закрепнувањето на економијата од коронакризата.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк