Германија се подготвува за најлошата рецесија во нејзината модерна историја, со очекувана пад на БДП од 6,3% оваа година и се тоа поради коронавирусот. Намалениот извоз, но и намалена домашната потрошувачка поради коронакризата го зеде својот данок, што дури и на 2021 година во Германија не се гледа со оптимизам дека ќе биде година на закрепнување на германската економија.
Но Германија е само една од многуте држави кои кризата ќе ја однесе во рецесија. Франција по малиот пад од 0,1 процент во последното тромесечие од минатата година, во првите три месеци од годинава забележа пад од 5,8 проценти, најголемо по 40-те години на минатиот век. Нив ги следат и негативните трендови и во останатите две големи европски економии Италија и Шпанија, со кавртале пад од 4,7%, односно 5,2 процетни.
Но рецесијата на најголемата европски економија е само дел од економскиот пад на целата еврозона. Во првите три месеци од годинава таа забележала пад од 3,8 проценти, споредено со последните три месеци од 2019 година. ЕУ пак во првите три месеци забележа пад на БДП од 3,5 проценти. Според прелиминарните мерења на Евростат ова е најголем квартален пад на европската економија од кога е почнато нејзиното мерење во 1995 година.
За спас на еврозоната денеска расправаше и Европската централна банка, поточно дали досега преземените мерки се доволни за амортизирање на најголемата економска криза по Втората светска војна.
Како одговор на пандемијата Банката денеска донесе одлука за дополнителни мерки за поддршка на кондицијата на ликвидност на финансискиот систем на еврозоната и овозможување на непречено функционирање на пазарот на пари.
„Тоа ќе се состои од седум дополнителни мерки за рефинансирање кои ќе започнат во мај 2020, созревајќи во етапи помеѓу јули и септември 2021, согласно со траењето на нашите мерки за олеснување“, рече Кристин Легард, претседател на Европската централна банка
Поради економската криза Банката денеска реши да ги задржи главните каматни стапки непроменети, а ги олесни условите за банките и подвлече дека е подготвена да купи повеќе државни обврзници доколку има потреба.
Банката уште минатиот месец почна да купува државни обврзници како дел од пакетот од 750 милијарди евра и ги намали трошоците за комерцијалните банки.
Инаку со падот на економиите регистрирано е зголемување на невработеноста. Во рамки на ЕУ во март таа изнесувала 6,6 проценти или 14 милиони невработени, додека во еврозоната процентот на невработени е поголем и изнесува 7,4 прпоценти. Најголема невработеност има во Грција каде во јануари таа изнесувала 16,4% и во Шпанија каде менатиот месец била на 14,5 проценти.