Европските и американските берзански индекси денеска се главно во пораст, нафтата поскапе, додека цената на златото се намали откако Кина соопшти дека го разгледува суспендирање на царините за одредени американски стоки, што ја намали тензијата на пазарот.

Паневропскиот индекс Stoxx Europe 600 расте веќе три дена по ред и досега оваа недела порасна за 2,4 проценти, објави Си-Ен-Би-Си.

Европските фјучерси за гас за мај се тргуваа на отворањето на берзата TTF по цена од 33,7 евра за мегават-час.

Според моменталните податоци на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 62.872 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 66.568 долари.

Цената на златото се намали на 3.312,56 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,3113 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,13643, што е за 0,25 проценти помалку од вредностите од вчерашното тргување.