На европските берзи во петокот во претпладневното тргување цените на акциите паднаа, како и на Волстрит ден претходно, бидејќи претседателот на американската централна банка Џером Пауел изјави дека е можно дополнително зголемување на каматите.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции е во минус од 0,4 отсто, но сè уште е на пат кон добивка оваа седмица. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,56 отсто, на 7.413 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,32 отсто, на 15.305 поени, а париски CAC 0,50 отсто, на 7.077 поени.
Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. Индексот на MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот дневен пресек е понизок за околу 1 отсто, така што е на пат да изгуби околу 0,5 отсто оваа седмица. Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei ослабе за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг паднаа меѓу 0,5 и 1,9 отсто.
Така, берзите го следат вчерашниот пад на Волстрит, каде Dow Jones загуби 0,65 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,8 отсто, а Nasdaq индексот 0,9 отсто.
По осум дена раст, индексот S&P 500 вчера падна, бидејќи инвеститорите ги поколеба претседателот на ФЕД Џером Пауел, кој рече дека е можно дополнително заострување на монетарната политика. На состанокот на Меѓународниот монетарен фонд Пауел изјави дека е задоволен од слабеењето на инфлацијата, но дека не е сигурен дека Fed направил доволно.