Најголемите европски компании изгубиле 100 милијарди евра од февруари 2022 година поради продажбата, затворањето или намалувањето на својот бизнис во Русија.
Според Фајненшал тајмс, од годишните извештаи на 600 европски компании и нивните финансиски извештаи за 2023 година произлегува дека 176 фирми забележале обезвреднување на својот имот и дополнителни трошоци поради промената на работењето во Русија.
Во овој буџет на се пресметани индиректните трошоци како поскапувањето на енергенсите и стоката.
Најголемите загуби се сконцентрирани во неколку сектори како енергетиката, автомобилската индустрија и финансискиот сектор.
Три компании во енергетскиот сектор – Бритиш петрол, Шел и Тоталенерџеис – соопштиле дека повлекувањето од Русија ги чини околу 40,6 милијарди евра, но ФТ наведува дека тие загуби се надоместени со растот на профитот поради растот на цените на нафтата и гасот.
Загубите на автомобилската индустрија изнесуваат 13,6 милијарди евра, додека финансискиот сектор – банките, осигурителните компании и инвестициските компании – изгубил 17,5 милијарди евра поради заминувањето од Русија.
Гледано по земји, најмногу изгубиле компаниите од Германија, Франција и Британија.
Над 50 отсто од вкупно 1.871 европската компанија кои пред војната во Украина работеле во Русија се и понатаму активни во таа земја.
Во Русија и понатаму работат италијански Уникредит, австриски Рајфајзен, швајцарски Нестле и британски Унилевер.