Народната банка на Унгарија врати 100 илјади унци злато од Лондон, а како причина го наведе стравот од идна „геополитичка криза“.

 

Вкупната вредност на 3 тони злато изнесува 130 милиони долари. Според унгарската централна банка, повлекувањето било поттикнато од загриженоста околу „геополитичка криза“ како и поради фактот што ситуацијата е веќе толку зовриена што чувањето на златото надвор од земјата е едноставно премногу ризично.

 

 

„Златото не е само инвестициски производ за централните банки, туку и стратегиска алатка која ја крева самодовербата на земјата, како во странство така и дома“, се вели во соопштението на банката.

 

Но, Унгарија не е единствената земја што ги врати златните резерви назад во својата земја. Во август Германија врати 53.780 златни прачки од Париз, и 940 тони злато од Лондон.

 

Австралиската и холандската централна банка исто така неодамна вратија дома големи количества резерви злато.

 

Русија тоа го направи пред две години и руската централна банка прифати под своја заштита 3 милиони унци или околу 100 тони злато во вредност од над 3,5 милијарди долати од американскиот банкарски и финансиски џин Ситигруп.

 

Според некои теории ова веќе требаше да се случи, а паниката пред неколку години ја поттикна и поранешниот главен економски советник на британскиот премиер Гордон Браун, Демијан Мекбрајд, и тоа со најава за претстоен колапс.

 

Тој тогаш кажа дека среде глобалниот колапс кој ќе настапи ќе дојде до големи граѓански немири па е важно луѓето да подготват три нешта – кеш, храна и вода за еден месец за да можат толку да ги преживеат хаосот и немирите кои ќе следат по наводниот целосен економски крах.

 

 

По него предупредување до своите граѓани испратија и Германија и Чешка.

 

Тенденцијата златото да се чува надвор од земјата почна да се менува во 2010 година, и централните банки почнаа да го собираат своето злато како потенцијален одговор на можна финансиска криза. Двете земји со најмногу злато во моментов се САД и Германија.