Курсот на еврото во однос на доларот на меѓународните пазари го закочи својот подем пред клучниот извештај за пазарот на работна сила во САД кој на инвеститорите треба да им обезбеди нови насоки во врска со подигнувањето на каматните стапки во САД.
Еврото во такви околности се тргуваше за 1,1253 $, што значи зајакнување од 0,1 проценти во однос на предходното затворање. Со тоа е прекинат наглиот успон на евото од четвртокот, кога во еден момент скокна на 1,1380 $.
Пазарот на обврзници се уште е во фокусот на учесниците на финансиските пазари, кои се обидуваат да дознаат дали има нови јасни индикации дека најголемата криза во еврозоната е минато, што би резултирало со зголемување на приносите. Поддршка еврото добива од информациите за шпанскиот индустрискиот сектор и подобрените прогнози за растот на Германија, објавени од страна на Бундесбанк.
“Пазарот навистина е во состојба на неизвесност. Дали конечно оди на подобро? Мојот впечаток е дека тоа е така, дека кризата во еврозоната го достигна дното и тоа има влијание врз девизниот курс на еврото”, изјави валутен трговец на меѓународна банка во Лондон.
Вниманието е фокусирано на американската економија. По слабиот прв квартал, првиот сет на индикатори за април е мешовит, тоа ги поддржува шпекулациите дека ФЕД се уште може да го одложи зголемувањето на каматните стапки за следната година. Многу банки сепак се уште се охрабруваат дека ФЕД тоа ќе го направи на почетокот од септември.
Нови насоки инвеститорите би можеле да добијат од најновиот извештај за вработувањето во САД. Економистите во анкетата на Ројтерс предвидува дека во мај во американската економија се отворени 225.000 работни места и доколку таквите предвидувања се потврдат, тоа ќе биде дополнителен аргумент за поскоро зголемување на каматните стапки, односно веднаш по завршувањето на летото.
Вредноста на доларот зајакна за 0,25 проценти во однос на јенот на 124,70 ¥, во близина на највисоко ниво во последните дванаесет и пол години од 125,07 ¥.
“Ако бројките од американскиот извештај се во рамки на очекуваниот опсег, доларот повторно би можел да достигне 125 ¥”, изјави Канео Огино, директор во аналитичката фирма Global-info Co.
Долар индексот, е во благ плус и изнесува 95,518 поени, но и понатаму останува на патот на неделна загуба од над еден процент.