Еврото во четвртокот се стабилизира во однос на доларот во очекување на пораката на претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) по редовната седница на која каматните стапки останаа на сегашното рекордно ниско ниво.
Еврото во однос на доларот остана непроменето и се тргува за 1,1298 $. Во однос на јенот еврото падна за 0,2 проценти на 123,84 јени.
Вниманието на пазарот е фиксирано кон ЕЦБ која на редовната седница клучните каматни стапки во еврозоната ги задржа на рекордно ниско ниво од 0,00 проценти. Каматните стапки на прекуноќните депозити на банките, исто така, ги задржа на минус 0,4 проценти.
Фокусот на пазарот сега е редовната прес-конференција на лидерот на банката Mariо Draghi, во однос на предвидените поттикнувачки мерки на монетарната политика кои се најавени но се уште не се на сила.
Повеќето аналитичари проценуваат дека шефот на ЕЦБ ќе понуди дополнителни аргументи во прилог на изузетно благата монетарна политика, додека порака дека нема потреба за било какви промени може да го зајакне еврото до 1.15 долари.