Еврото во четвртокот ослабе во однос на доларот и јенот во пресрет на месечната седница на Европската централна банка (ЕЦБ) поради очекувањата за нови мерки на монетарно олеснување.
Еврото во една таква атмосфера во однос на доларот ослабе за 0,3 проценти, на 1,0977 $. Во однос на јапонската валута ослабе за 0,2 проценти и се тргуваше на 124,86 јени.
Сите погледи на пазарот се фиксирани на редовниот месечен состанок на ЕЦБ, особено на редовната прес-конференција на нејзиниот претседател Mario Draghi која од учесниците на пазарот е следена со големо внимание.
Се очекува ЕЦБ да ги намали каматните стапки на депозитите за 0,10 процентни поени, на минус 0,40 проценти. Покрај тоа, се очекува дека ќе има и новости во однос на програмата за купување на имот.
Најважно е како ЕЦБ ќе се обиде да ги заштити банките од последиците кои ги трпат од негативните каматни стапки, со кои ЕЦБ ги дестимулира банките да ги чуваат парите кај нив. За тоа особено се заинтересирани инвеститорите во контекст на можен бран на продажба на акциите во банкарскиот сектор.
Аналитичарите наведуваат дека на пазарот се уште е присутна претпазливоста во врска со очекувањата на ЕЦБ со оглед на разочарувањето кое го искусија во декември минатата година кога мерките на централната банка не ги исполнија нивните очекувања.