Еврото на меѓународните девизните пазари ослабе во однос на доларот, откако минатата недела го забележа најголемиот неделен пораст во последните месец дена, инвеститорите повторно се фокусираат кон Грција и нејзиното финансирање.
Еврото во овие околности се тргуваше за 1,0746 долари, што значи послаб курс од 0,7 проценти во споредба со предходното затворање. Во петокот, кратко достигна 1,0849 долари. Еврото ослабе и во однос на јенот за 0,5 проценти на 127,895 јени. Јенот во исто време малку зајакна во однос на доларот, на 118,87 јени.
Гувернерот на централната банка на Франција, изјави дека грчките банки наскоро би можеле да ги исцрпат колатералите за пристап до финансиските средства на Европската централна банка (ЕЦБ), доколку Атина наскоро не постигне договор за економски реформи со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Притисокот врз грчките банки односно јавните финансии се позната работа, но постојат многу луѓе кои гледаат и мала шанса за излез на Грција од еврозоната во следните неколку месеци.
“Тоа е втор голем ризик кој е закана за еврото во моментот. Очекуваме да доларот во третиот квартал се приближи до паритет со еврото, но доколку нешто се случува со Грција, тоа би можело да дојде порано”, изјави Lee Hardman, стратег за валути во Bank of Tokyo-Mitsubishi UFJ во Лондон.