Паѓа вредноста на еврото во однос на доларот.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 135,75 на 135,35 јени. Но, доларот зајакна во однос на европската валута, и цената на еврото се намали на 1,0145 долари, најниско ниво од крајот на 2002 година.  Притисокот врз еврото е резултат на рекордно високата инфлација и забавувањето на растот на економијата на еврозоната.  Еврото ослабе, но може да падне за уште 10 отсто, објави банката Сосиете Женерал.