Девизниот курс на еврото на меѓународните девизните пазари во однос на доларот падна на најниско ниво од август 2003 година, пред објавувањето на новиот извештај за вработеноста во САД, со поддршка на раст на каматните стапки во корист на американските државни обврзници. На девизниот курс еврото падна на 1,0963 долари.
Според некои економисти, сосема е можно да Европската валута се изедначи со американскиот долар, како резултат на попустливата монетарна политика усвоена од страна на Европската централна банка.
“Пазарот се позиционира за почеток на програма на квантитативните ублажување на ЕЦБ, закажан за в понеделник”, изјави Jane Foley, валутна аналитичарка на Rabobank од Лондон.
Во фокусот на инвеститорите се и најновите податоци за нови работни места во американската економија.
Аналитичарите очекуваат дека американската влада ќе покаже дека во текот на минатиот месец бројот на вработени се зголеми за 240 000 и дека стапката на невработеност се спушти на 5,6 проценти, за разлика од 5,7 проценти месец дена предходно. Тоа би значело дека ќе биде 12-ти месец по ред каде бројот на вработени во САД е во пораст за над 200 000 нови работни места секој месец, што е најдолгата низа од 1994 година.