Девизниот курс на еврото ослабе на меѓународните девизни пазари, притиснат од продлабочените стравувања дека Грција би можела да дојде во ситуација во која повеќе нема да може да ги враќа огромните долгови и да излезе од еврозоната.
Еврото ослабе 0,7 проценти во однос на доларот на 1,0665 долари. Еврото ослабе и во однос на јенот, спуштајќи се на 127,50 јени.
Во однос на франкот ослабна за 0,3 проценти, на 1,0238 франци, што е во близина на најниското ниво во последните три месеци.
Jeffrey Halley, валутен трговец за Saxo Capital Markets во Сингапур, изјави дека загриженоста за Грција ги поттикнува трговците да ги продаваат еврата.
Најновиот развој на ситуацијата за сагата на грчкиот долг следи по зајакнувањето на еврото во однос на доларот минатата недела за 1,9 проценти, најизразено во последниот месец, поради слабеењето на доларот, по се поизгледното одложување на очекуваното зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД во јуни.
Долар индексот се зголеми за 0,5 проценти на 98,43 поени. Вредноста на доларот во однос на јенот зајакна за 0,3 проценти, на 119,50 јени.