Фабриката “Костал”која веќе работи во Охрид бара да потпише нов договор според новите мерки за економски раст.
Ова барање, како што информира владиниот портпарол, е усвоена вчера на седница на Влада.
Според тоа, владата ја разгледа и усвои Информацијата за предлог договорот за доделување на државна помош за инвестицијата на германската компанија Леополд Костал ГмбХ & Co. KG за реализација на инвестициски проект на територијата на Општина Охрид, како браунфилд инвестиција во постоечките капацитети на индустрискиот комплекс „ЕМО ОХРИД“, наменета за обука на вработени, тест производство и сериско производство на мехатронски делови составени од електроника, прекинувачи и конектори наменети за автомобилската индустрија, соопшти вчера владината прес-служба.
– Тоа е помош за компанија која веќе работи во Македонија, меѓутоа бара договор според новите мерки за економски раст. Тоа значи дека овие мерки се веќе препознати и од постојните инвеститори во РМ, рече Бошњаковски.
Тој појасни дека станува збор за предлог договор, деталите уште не се утврдени. – Ова е само почеток на постапката. Кога ќе бидат уврдени и кога ќе ги знаеме ние и договорот ќе биде во завршна фаза ќе информираме веднаш, рече Бошњаковски.