Компанијата „Facebook“ соопшти дека ќе ја плати глобата од пет милијарди долари во врска со скандалот со компанијата „Кембриџ аналитика“ за украдените лични податоци на корисниците.
Тоа е најголемата парична глоба во светот поради недозволено користење лични податоци по казната од 22,5 милиона американски долари што ја плати „Google“ во 2012 година.
Глобатаод пет милијарди долари претставува приближно 9 отсто од приходите на компанијата во 2018 година.
Американската трговска комора соопшти дека „Facebook“ е задолжен да ги подобри начините за заштита на личните податоци.
Истрагата на Комората почна во март 2018 година кога се појавија извештаи дека политичката консултантска фирма „Кембриџ аналитика“ има пристап до податоците на 87 милиони корисници на „Facebook“.
Комората беше загрижена дека „Фејсбук“ ги прекршил условите од претходниот договор според кој компанијата мора да им даде на корисниците многу јасни известувања кога нивните податоци се споделени со трети лица.
Исто така, Комората го задолжи „Фејсбук“ да создаде независна комисија за заштита на приватноста за да ја отстрани неограничената контрола на основачот Марк Цукерберг во одлуките за приватност на корисниците.