Претседателот и извршен директор на Facebook Inc Марк Цукерберг реагираше на обвинувањата за руско злоупотребување на најголемата социјална медиумска мрежа во светот и претстави нов план, насочен кон задушување на несоодветното однесување, истовремено задржувајќи го Facebook како витален центар за онлајн говорот, пренесува Блумберг.

Неговите коментари за време на конференциски повик со новинари и пост на Facebook следеа материјал на влијателниот New York Times од средата, во кој се тврди дека тој и други директори се обидуваат да ги сокријат критиките во компанијата и од Конгресот за руската пропаганда, дистрибуирани низ Facebook во текот на изминатите три години.

Многу од американските законодавци изјавија, по објавувањето на материјалот, дека владата треба да го регулира или истражува Facebook кој стана секојдневен извор на информации за повеќе од 2 милијарди луѓе во светот.

Цукерберг изјави во четвртокот дека дејствувал брзо за да се бори против руското влијание и поддржува регулации кои би ги охрабриле компаниите да го намалат ширењето на “штетни содржини”.

Тој најави неколку мерки за саморегулација, вклучувајќи груби планови за создавање на независен орган до крајот на 2019 година, кој ќе ги преиспитува жалбите на корисниците кои тврдат дека нивната содржина е неправилно забранета. Корисниците исто така ќе добијат нов избор дали сакаат да гледаат таканаречена. “Гранична содржина” во своите вести, рече тој.

“Се повеќе верувам дека Facebook не треба да зема толку многу важни одлуки поврзани со слободното изразување и безбедноста”, пишува Зукерберг. Акциите на Facebook поевтинија за 0,3% во четвртокот и со уште толку во следната берзанска сесија.

Зголеменото регулирање е меѓу најголемите закани за Facebook заедно со зголемената загриженост на корисниците дека услугата не е безбедно и сигурно место за дружење, сметаат финансиските аналитичари.

Маргините на профитот на компанијата се намалија во последните квартали, бидејќи почна да се исполнува првичниот план на Цукерберг за борба со неправилното однесување: агресивно се вработува и се троши за технологии за зајакнување на мониторингот.

Детали за апелациониот орган не се откриваат, но целта е да се зголеми одговорноста на одлуките за отстранување на содржини и да се осигура дека тие не се управувани од комерцијални причини, рече Цукерберг.

Процесот на жалба пред Facebook ќе се прошири за да им овозможи на луѓето кои се жалат поради дадена содржина, да побараат второ мислење, ако првично тоа не биде отстрането. Освен тоа Facebook ќе стане транспарентен во своето однесување, како и за промените во политиката, рече уште тој.