Во средината на јануари, доларот би можел да доживее драстичен пад на вредноста, бидејќи Федералните резерви на САД ќе „внесат“ речиси 500 милијарди долари во американската економија за само еден месец.

Аналитичарите велат дека мешањето на ФЕД во финансискиот систем на државата достигна „епски“ размери, како резултат на зголемената закана од криза во банкарскиот сектор, споредлива со она што се случи во 2008 година.

Минатата есен, во САД ненадејно избувна ликвидна криза – На 16 септември, барањата на банките за краткорочни заеми од ФЕД одеднаш се зголемија – од 27 милијарди долари на 53,2 милијарди долари. Ова доведе до зголемување на кредитните каматни стапки од 2,29 проценти на 4,75 проценти. Следниот ден, банките аплицираа за заеми над 80 милијарди американски долари. Каматните стапки за краткорочните кредити скокнаа на десет проценти.

Во исто време, самата стапка на федералните фондови (по која ФЕД од резервите издава краткорочни заеми на комерцијалните банки) за прв пат го надмина целниот опсег од 2,3 проценти и достигна 2,35 проценти, пренесуваат американските медиуми.

Доларите на меѓубанкарскиот пазар немаа толку голема вредност, дури ни во екот на кризата од 2008 година, како и за време на пукањето на т.н. „меур” во 2002 година.

За да го спаси финансискиот пазар од парализа, ФЕД во Њујорк, за прв пат од светската финансиска криза, започна со купување хартии од вредност од банките (државни обврзници на САД, обврзници на федералните агенции и хипотекарни обврзници), обезбедувајќи прилив на пари во економијата. За само два дена (18 и 19 септември), финансиските власти „внесоа“ 128 милијарди американски долари на пазарот.

Во октомври, директорот на Федералните резерви Џером Пауел изјави дека регулаторот ќе ги зголеми набавките на краткорочни хартии од вредност кои ги нарече „технички мерки“ кои се потребни за зајакнување на финансискиот систем. Од 15 октомври, Федералните резерви купуваат краткорочни државни обврзници (до една година) на пазарот за 60 милијарди долари месечно.

Всушност, ФЕД започнаа нова програма на попусти во количини на готовина, што потврдува дека регулаторот планира да постигне рекордна ликвидност на меѓубанкарскиот пазар до крајот на декември. Според документот објавен од ФЕД во Њујорк, ќе има девет итни аукции на продажба од 16 декември до 14 јануари (прва за 50 милијарди долари, а другите за 35 милијарди долари секоја).

На тој начин, ФЕД ќе „вбризгаат” скоро 500 милијарди долари во американската економија.

„Потребно е нагло зголемување на приливот на пари во меѓубанкарскиот пазар за да се избегне повторување на драстичното зголемување на побарувањето за краткорочни заеми од комерцијалните банки на крајот на годината“, објасни Џером Пауел.

Аналитичарите дошле до заклучок дека септемврискиот колапс на пазарот за краткорочно финансирање е предизвикан, делумно, од неподготвеноста на четири големи банки да даваат кредити.

„Во последните месеци, основните средства на примарните кредитори се фокусираа на државни обврзници, што ја ограничи нивната можност да обезбедат краткорочно финансирање на пазарот на хартии од вредност“, се вели во студијата на Банката за меѓународни порамнувања (БМП).

Во извештајот не се наведува точно кои банки го расипале пазарот, но еден од извршните директори на „Financial Times“ рекол дека станува збор за водечки лидери на пазарот, вклучително и „JP Morgan“.

Свој допринос дале и хеџ фондовите, така што придонесоа со зголемување на побарувачката за обезбедено финансирање. Сè повеќе, тие користат договори за купување хартии од вредност за арбитражни трансакции, велат аналитичарите на БМП.

Сепак, постојат и други, подлабоки причини за кризата. На пример, постојаниот пад на банкарските резерви во последните пет години, кој особено се забрза откако се усвои законот за продолжување на рокот за достигнување на горната граница на националниот долг.

Од 14 август до 17 септември, американското Министерство за финансии потроши резерви во вредност од повеќе од 120 милијарди американски долари, намалувајќи ги готовинските резерви на најголемите банки и, соодветно на тоа, нивната можност за пласирање на средства на пазарот за краткорочни финансирање.

Ситуацијата е влошена од буџетскиот дефицит на САД кои изнесува неколку милијарди долари, кој главно е опфатен со продажба на државни обврзници. Но, се помал е бројот на луѓе кои сакаат да купат хартии од вредност.

Според официјалните бројки, долгот на американската влада достигна 22,5 милијарди долари (106 проценти од БДП). Сомневајќи се на солвентноста на Вашингтон, најголемите доверители во светот постепено ги отфрлаат „најсигурните и најликвидни инструменти во светот“ – државните обврзници.

Според менаџерите на хеџ фондовите, во таква ситуација кризата на пазарот за краткорочно финансирање само ќе се влоши. И наскоро Џером Пауел официјално ќе објави нова рунда на намалување на количината на пари во оптек.

Иако самиот шеф на Федералните резерви уверува дека состојбата на пазарот за краткорочно финансирање нема да влијае негативно врз целокупната економија, економистите се сомневаат во тоа. Доколку овој сегмент е навистина „испукан“, што е потврдено од зависноста на банкарскиот сектор од дневните приливи на ликвидност, кризата веројатно ќе се рашири на сите пазари.

И однесувањето на регулаторот носи сериозни последици. Приливот на несигурни пари ќе ја зголеми инфлацијата и ќе предизвика глобално слабеење на доларот.

Американската валута може да се соочи со остар пад уште во јануари, силниот притисок на девизниот курс ќе изврши пораст на билансите на ФЕД за десет проценти (на рекордни 4,5 милијарди американски долари) за само еден месец.

„Goldman Sachs” верува дека ФЕД нема да се откажат од испумпувањето на пари од економијата.

„На пазарот постојано има потреба од прилив на долари поради огромни емисии на државни обврзници за покривање на буџетскиот дефицит“, констатираат од банката, што значи дека американската валута ќе продолжи да ја губи вредноста.