По минатонеделните турбуленции на пазарот на пари, денеска Американските Федерални резерви (FED) инјектираа 105 милијарди долари во домашниот банкарски систем, во обид да ги задоволат потребите на банките и на Wall Street за финансии.

Њујоршката филијала на FED одвоила 30 милијарди долари на примарните дилери во рамките на двонеделната репо трансакција и 75 милијарди долари во рамките на прекуноќната репо трансакција, објави агенцијата Reuters.

Побарувачката на банките за средствата на FED е исклучително силна, со оглед дека се доставени понуди за средства во износ од 62 милијарди долари во рамките на првата трансакција, и во износ од 80,2 милијарди долари во рамките на втората трансакција.